Шампионот на Англија, Манчестер Сити официјално го привлече Ријад Марез за пет години од Лестер.

„Граѓаните“ одбија да го објават износот, за кој фудбалерот пристигна на стадионот „Етихад“, но медиумите откриваат дека цената платена на Лестер е 60 милиони фунти. Тоа е три милиони повеќе, од платените во текот на зимата за францускиот дефанзивец, Ајмерик Лапорт

Марез беше избран за играч на годината во Премиер лигата, откако постигна 17 голови во 37 натпревари во шампионската сезона на Лестер пред две години.

- Многу сум среќен што сум тука. Ми се допаѓа атмосферата и навивачите се многу добри. Јас сум возбуден поради новата сезона. Овој трансфер е голем чекор во мојата кариера. Се надевам дека ќе ги оправдам очекувањата. Со сета почит кон Лестер, но Манчестер Сити е многу поголем клуб, со поголеми играчи. Мислам дека оваа сезона ќе биде многу успешна и се надевам дека ќе бидеме многу успешни, изјави Марез пред клупската телевизија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2018 01:04