Американската тенисерка Серена Вилијамс десетипат во кариерата се пласираше во финалето на Вимблдон, откако со 2:0 (6:2, 6:4) во сетови ја совлада германската тенисерка Јулија Гергес.

Вилијамс до победата над Гергес дојде по еден час и десет минути игра.

Американската тенисерка во борбата за осмата титула на Вимблдон ќе се соочи со уште една германска тенисерка, Анџелик Кербер.

За Вилијамс тоа ќе биде прво финале сезонава, откако во септември мината година стана мајка. Американската тенисерка во март годинава повторно почна да се натпреварува и ова е четврт турнир за неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 01:17