Македонскиот тенисер Томислав Јотовски беше елиминиран во четвртфиналето на ИТФ фјучерсот во Крамзах, Австрија.
Јотовски по речиси три часа игра беше поразен од бразилскиот тенисер, Едуардо Дишингер, со 2:1 во сетови.
Првиот сет убедливо го доби бразилскиот тенисер со 6:0, а Јотовски возврати на сличен начин освојуваќи го вториот сет со 6:1. Во решавачкиот сет Дишингер беше подобар и го доби со 7:2.
Македонскиот тенисер за пласманот во четвртфиналето ќе добие два поена.