Вработен во Општата болница „Ферид Мурад“ во Гостивар вчера попладне нашол пиштол и пари оставени во тоалет во едно од болничките одделенија.

По пријавата, полициски службеници утврдиле дека станува збор за пиштол „Црвена застава М-57“ калибар 7,62 милиметри со осум куршуми, футрола и три банкноти од евра и денари.

По проверките, утврдено е дека пиштолот е сопственост на И.С. (68) од гостиварското село Мало Турчане. Тој пиштолот го поседувал со дозвола, а според неговото кажување, пиштолот и парите ги заборавил на местото каде што се најдени. Полицијата врши проверки и го расчистува случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 12:18