Рафаел Надал верува дека „сè може да се случи“ на претстојниот полуфинален натпревар со Новак Ѓоковиќ на „Вимблдон“ денеска. Надал, исто така, смета дека не може да си дозволи да покаже нешто помалку од максимумот против Србинот. Шпанецот е категоричен дека потценување не може да има против ривал, против кој тој се спротивставил 51 пат. - Секогаш е голем предизвик да игра против Новак. Тој е еден од најкомплексните играчи против кои некогаш сум играл. Секогаш е одличен тест за мене. Знаеш дека не можеш да го победиш, ако не си играл добро. Затоа мојата цел е да играм добро, додаде Надал.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 12:28