Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари упати апел до сограѓаните и полицијтаа да покажат поголема гостопримливост и разбирање кон печалбарите кои деновиве доаѓаат во родниот крај. За да им биде престојот попријатен од сограѓаните и полициските службеници, Таравари очекува поголема толеранција и помалку казнувања.
Апелот на градоначалникот доаѓа во период кога се очекува најголемиот прилив на иселеници.
- Иселениците престојуваат само неколку дена во родниот крај и во тие денови, трошат и инвестираат толку многу пари што ја држат во живот економијата на државава. Ако мал дел од нив, главно помладите, не се доволно дисциплинирани во сообраќајот и се однесуваат на начин кој постарите генерации не го прифаќаат, сепак треба да биде со доза широкоградост и потолерантност, сé додека нивното однесување нема последици и не претставува некоја посериозна повреда на законите, стои во апелот на Тараври.
Во апелот тој се обраќа и до командирот на Полициската станица –Гостивар да ги мобилизира полициските службеници, за како што наведува, тие да бидат на ниво на задачата и повеќе да влијаат превентивно, да асистираат во успешно справување со гужвата во сообраќајот, без казнени мерки.
Последниот апел на Таравари што го упати во писмо до комадирот на ПС Гостивар наиде на реакција од МВР, бидејќи како што беше кажано тогаш, нема да има селективност кон прекршителите и без толеранција за нивното однесување.
Негативна реакции по социјалните мрежи имаше и одлуката на општинските власти со која на печалбарите ќе им биде овозможено да ги згрижуваат децата во градинки додека се во родниот крај.