Советот на општина Василево на денешната единаесетта седница донесе одлука со која се одобрува кофинансирање од страна на општината за спроведување на проектот „Нераскажаната приказна за американската мисионерка - МИС СТОН“.

Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 17 милиони денари од кои 14 милиони и 280 илјади денари се побаруваат како подгрант од Проектот за локална и регионална конкурентност и како дотации од Европската унија, како и сопствено учество на општина Василево во износ од 2 милиони и 720 илјади денари.

Советниците со мнозинство гласови донесоа одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација заради вклопување на бесправно изградени објекти во планскиот опфат.

На денешната седница беа донесени и измените и дополнувањата на годишниот план за вработување на општина Василево за 2018 година, а беа разгледани и неколкуте барања за финансиска помош поднесени до Советот.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/07/2018 23:26