Јужноафриканскиот тенисер Кевин Андерсон е првиот финалист на Вимблдон, откако во маратонскиот полуфинален натпревар во пет сета го победи американскиот тенисер Џон Изнер.
Андерсон по шест часа и 41 минута игра со 7:6, 6:7, 6:7, 6:4, 26:24 го совлада Изнер, а само петтиот сет траеше два часа и 55 минути.
Двајцата тенисери го одиграа најдолгото полуфинале во историјата на Вимблдон.
Во неделното финале Андерсон ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.