Во поканата градоначалникот Јаневски истакна дека од осамостојувањето на Македонија поминаа безмалку 27 години и исто толку години трае колективниот сон за приклучување на нашата татковина во Северно-Атлантската алијанса.

-Едно е повеќе од сигурно, Македонија станува 30-та членка на НАТО и ќе биде рамо до рамо со најсилните земји од светот. Тоа за нашата мала земја ќе значи сигурност, подобра иднина и просперитет на сите можни полиња, како и далеку поквалитетен живот за граѓаните. Македонија тоа го одработи. Македонија тоа го заслужи. Бенефитите допрва доаѓаат, рече градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Прославата во Струмица ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот на Плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, на местото каде се веат знамињата на членките на НАТО и ЕУ, а граѓаните ќе ги забавуваат „Чалгија Соунд“ и „Љубојна“.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 17:59