Со добиената покана за членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ, се изборивме за сигурна иднина со која Македонија започнува нова приказна и зачекорува во ново време, рече градоначалникот на Гевгелија, Сашо Поцков ,кој на денешната прес конференција ги покани сите граѓани на општина Гевгелија да присуствуваат на вечерашната заедничка прослава.

- Доаѓа време на надеж, на победи на гордост. Време на сигурност и безбедност. Доаѓа време на подобар живот за сите граѓани тука во нашата земја. Затоа ве поканувам денеска да се обединиме, да ги поздравиме поканите за членство во ЕУ и НАТО и заедно да го прославиме историскиот упех на Македонија, рече Поцков.

Големата граѓанска прослава во Гевгелија ќе почне во 21 часот. Бината е поставена во центарот на градот и се е подготвено за големата забава со Бени Нон Стоп, Златко Ориѓански и Ерик Фокс.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2018 18:49