Финалистот на Вимблдон, Кевин Андерсон, побара од надлежните да воведат тај-брејк при 12:12 во петтиот сет за да се избегнат маратонски мечеви каков што беше неговиот со Изнер кој заврши вчеравечер по шест и пол часа игра.

- Не знам колку ќе успеам да се подготвам за финалето. Ме болат нозете, стапалата ми се отечени. Никогаш не сум играл толку долг меч. Се надевам дека по ваков меч нешто ќе се промени. Можеби да се воведе тај-брејк при 12:12 во одлучувачкиот сет. Сметам дека тоа би било фер решение. Со тоа би се заштитило и здравјето на тенисерите, истакна Андерсон.

Негов противник во утрешното финале на Грен слемот во Лондон, ќе биде победникот од мечот Новак Ѓоковиќ – Рафаел Надал.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/07/2018 00:26