Поранешниот прв светски рекет Новак Ѓоковиќ (Србија) ќе игра во финалето на Грен слемот во Лондон, откако попладнево го победи Рафаел Надал (Шпанија) со 3-2, по сетови 6:4, 3:6, 7:6, 3:6 и 10:8.
Мечот траеше 5 часа и 21 минута, а се играше во два дена, бидејќи вчеравечер беше прекинат околу полноќ при резултат (2-1), а се доигра денес.
Србинот ќе има можност по повеќе од една година да освои трофеј на еден турнир и да стигне до својата четврта титула на Вимблдон.
Негов противник во утрешното финале ќе биде Кевин Андерсон од Јужноафриканската Република.
Поради долгото времетраење на машкото финале, женското ќе стартува до два часа задоцнување и се очекува да почне околу 17 часот.