Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја нарече Европската унија „непријател" на САД.
Во интервјуто за Си-Би-Ес, направено во Шкотска, Трамп рече дека смета оти САД имаат „многу непријатели", меѓу кои и блокот европски држави „кои се меѓу најблиските сојузници на САД".
- Мислам дека Европската унија е непријател, она што ни го прави во трговијата. Вие не би помислиле на Европската унија, но таа е непријател, рече Трамп.
Тој додаде дека Русија е непријател на САД „во одредени аспекти", а Кина е „економски" непријател. Сепак, вели Трамп, тоа не значи оти Кинезите се лоши.
- Тоа не значи ништо. Тоа значи дека тие се натпреварувачки дух, рече Трамп.
Американскиот претседател утре ќе се состане во Хелсинки со рускиот претседател Владимир Путин.