Авионот во кој се наоѓа претседателот на Русија, Владимир Путин слета на аеродромот Хелсинки-Ванта, јави Финската државна телевизија.

Телевизијата претходно јави дека поради доцнењето на Путин се пролонгира средбата со американскиот претседател Доналд Трамп за 20 минути.

Според првобитните планови Путин требаше да слета во Хелсинки во 11 часот и 30 минути по средноевропско време, а половина час подоцна да пристигне во претседателската палата, додека Трамп беше планирано да прстигне 10 минути потоа, а билатералната средба да почне во 12 часот и 15 минути.

Финските медиуми претходно објавија дека Путин пристигнал во Хелсинки, но Финската државна телевизија претходно јави дека во авионот со натпис „Русија“, што слета на аеродромот Хелсинки-Ванта најверојатно се само членовите на делегацијата на Путин.

Трамп синоќа допатува во Хелсинки и утрово се сретна со финскиот претседател Саули Нинисто.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/07/2018 14:31