Гренланд не е на продажба, изјави денеска премиерот на таа данска автономна територија Муте Егеде, реагирајќи на најавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека САД ќе ја преземат „сопственоста и контролата“ на тој арктички остров.

„Гренланд е наш. Ние не сме на продажба и никогаш нема да бидеме на продажба. Не смееме да ја изгубиме нашата долга борба за слобода“, рече Егеде.

Трамп вчера објави дека го избрал Кен Хауери, поранешниот американски амбасадор во Шведска, за нов американски амбасадор во Данска. Трамп на својата платформа „Tryth Social“ напиша дека е апсолутно неопходно САД да ја преземат сопственоста и контролата врз Гренланд за, како што наведе, националната безбедност и слободата ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/12/2024 15:27