Најмалку две лица загинаа, а 12 се водат како исчезнати по уривање на мост во северен Бразил, соопштија денеска локалните власти.

Четири камиони, два автомобили и два мотоцикли се наоѓале на делот од мостот што се урнал вчера попладне, меѓу бразилските држави Маранџао на североисток и Токантинс на север, соопштија властите.

Два камиони превезувале сулфурна киселина, што ја „отежнува потрагата“ по исчезнатите лица поради можна контаминација на водата, соопшти полицијата.

Водоснабдувањето во областа е прекинато.

Мостот, долг повеќе од 500 метри и изграден во 1960-тите, е главната рута за поврзување меѓу двете бразилски сојузни држави.

Сè уште не е позната точната причина за уривањето, иако првичните докази од Националното одделение за транспортна инфраструктура покажуваат дека се урнала централната греда



Автор: Администратор
Објавено на: 24/12/2024 03:23