Тренерот Марјан Вајда ќе соработува со Новак Ѓоковиќ до крајот на сезоната, а оваа одлука беше соопштена откако најдобриот српски тенисер вчера го освои Вимблдон.
- Вајда ќе остане да работи со мене до крајот на сезоната, а потоа ќе видиме, истакна Ѓоковиќ.
Словачкиот стручњак се врати во тимот на Ѓоковиќ во почетокот на сезоната на земјена подлога, а по неговото доаѓање беше евидентно подобрувањето во играта на српскиот тенисер.
- Не го очекував ова. Последнава титула на Вимблдон е најголемото изненадување кое сум го доживеал во повеќегодишната соработка со Ѓоковиќ. Тренирајќи го верував дека може да биде прв во светот и да освојува титули, но во овој момент не ја очекував, наведе Вајда.
За Ѓоковиќ ова е четврта титула на Вимблдон со која повторно се врати меѓу десетте најдобри тенисери на светот