Легендарниот американски тенисер Џон Мекинро смета дека е фасцинантно тоа што го прави Роже Федерер, но со оглед на возраста швајцарскиот тенисер нема да може уште долго да биде во врвна форма.
Федерер, иако беше бранител на титулата во Вимблдон, во четвртфиналето на турнирот беше елиминиран од Кевин Андерсон.
- Фасцинантно е она што Федерер го прави, а при тоа не смееме да заборавиме дека во август ќе наполни 37 години. Одлично се движи, но мислам дека во не така далечна иднина ќе забележиме пад. Тоа е сосема нормално, така се одвиваат нештата. Тенисот ќе постои и кога Федерер ќе се повлече. Секако, ќе биде тешко да биде заменет и некој да го повтори неговиот успех. Но, ќе има нови имиња, нови приказни. Отсекогаш било така, истакна Мекинро.
Федерер досега во кариерата има освоено 20 гренд слем титули, а во моментот е втор на АТП листата.