Чешкиот тенисер Томаш Бердих поради повредата на грбот нема да настапи на Ју-Ес опен.

По Вимблдон, 32-годишниот тенисер освен Ју-Ес опен ќе ги пропушти и турнирите во Вашингтон, Торонто и Синсинати.

Бердих, кој некогаш беше четврти тенисер во светот, сега се наоѓа на 59-та позиција и се очекува да падне 75 места на АТП листата.

Тој досега во кариерата има освоено 13 титули.

Ју-Ес опен ќе почне на 27 август, а титулата ќе ја брани Рафаел Надал.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 01:04