Ликовниот уметник, битолчанецот Александар Поповски, синоќа во културниот центар „Магаза“, а во рамки на летниот културен фестивал „БитФест“, приреди изложба на акварели.

Во најголем дел од уметничките дела доминираат домашни миленици, но и портрети изработени во акварел и со различни димензии.

Александар Поповски има една самостојна изложба, а учествувал и на повеќе групни ликовни изложби организирани во државата и во странство. Поповски, освен со сликарство сезанимава и со стрип, илустрација и графички дизајн.

Битолското културно лето „БитФест“ вечер продолжува со фестивалот на музика и традиција „Локум фест“ на кој до 21 јули ќе настапат ансамбли од Индија, Бугарија, Словенија, Турција и од Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 11:40