Поранешниот тимски колега на Себастијан Фетел во Ред Бул, Марк Вебер тврди дека четирикратниот светски шампион е склон кон „психолошки кризи“, кога трката не се одвива според планот. Како пример за драстична грешка Вебер ја посочи трката во Азербејџан во 2017 година, кога Фетел ги загуби нервите и се удри во болидот на Хамилтон.

Вебер и Фетел беа колеги од 2009 до 2013 година кога Австралиецот се повлече од Ф1. Во текот на овој период, Вебер забележал многу вакви критични моменти.

- Себастијан имаше и продолжува да има такви падови. Тој секогаш има план, но е подложен на слични психолошки кризи кога нормалната трка ќе се наруши. Односно - при излегување на болидот за безбедност. Ако постои компликација, станува многу тешко за него, изјави Вебер.

Марк, исто така, рече дека Себ има многу потешкотии во справувањето со ситуациите кога тимот не е сигурен кои гуми ќе дадат најдобри перформанси за време на квалификациите.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 12:26