Шампионите во Формула 1 официјално објавија дека Луис Хамилтон го потпишал својот нов договор. Договорот е за две години, а Британецот ќе добие годишна плата од 30 до 40 милиони фунти во зависност од неговите резултати. Со надоместокот внесен во новиот договор, Хамилтон станува најплатениот спортист во Велика Британија. Хамилтон изјави дека договорот бил само формалност. Пилотот беше убеден дека сака да ја продолжи својата кариера со шампионите по разговорот со шефот на тимот Тото Волф минатата зима. Откако се приклучи на Мерцедес во 2013 година, Луис освои три титули и забележа 44 победи. До крајот на 2020 година Луис ќе има осум години зад себе во болидот на „сребрените стрели“. Статистиката вели дека 65-те негови победи го прават вториот најуспешен возач на Ф1 по Михаел Шумахер и најуспешен во 112-годишната натпреварувачка историја на Мерцедес. Се очекува дека актуелниот тимски колега на Хамилтон, Валтери Ботас, исто така, ќе остане во тимот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 14:34