Властите на Мајами ја одложија дискусијата за организација Гран-при викенд во Формула 1, пишува „Мајами Хералд“. Првиот состанок требаше да се одржи на 26 јули, но беше одложен за август или септември. - Ние само сакаме да бидеме сигурни дека правиме сè на вистински начин, рече градоначалникот на градот Емилио Гонзалес. Во мај, тој беше овластен да преговара за 10-годишен договор со „Либерти Медија“, сопствениците на Ф1. Планираната трка во Формула 1 во Мајами ќе се одржи помеѓу 5 октомври и 15 ноември следната сезона.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2018 14:36