Швајцарскиот тенисер Роже Федерер неодамна потпиша договор со јапонскиот производител на спортска опрема „Уникло“, но неговото лично лого РФ остана во сопственост на америкнската компанија „Најк“.
Федерер изјави дека сака да го врати во негова сопственост логото, а потоа со „Уникло“ да продолжи да произведува сопствена линија на спортска опрема.
- Логото е во сопственост на „Најк“, но порано или подоцна повторно ќе можам да го користам. Се надевам дека ќе се случи што е можно порано, истакна 36-годишниот швајцарски тенисер.
„Најк“ со Федерер соработуваше 20 години, a брендот РФ беше развиен во 2010 година.
Во медиумите се појавија гласини дека швајцарскиот тенисер за десетгодишниот договор со „Уникло“ ќе заработи 300 милиони долари, но Федерер ги демантираше овие информации.