Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, победи на трката за Големата награда на Германија, откако најдобро се снајде во променливите услови на патеката.

Актуелниот шампион на патеката „Хокенхајм“ стартуваше дури од 14-та позиција, но сепак успеа да стигне до 66-та победа во кариерата.

Второто место го освои неговиот клупски колега Валери Ботас, а трет заврши Кими Раиконен од Ферари.

Главниот конкурент Себастијан Фетел од Ферари, кој важеше за фаворит и тргна од пол-позицијата, сепак по 52 круга водство излета од патеката и ја заврши трката.

Хамилтон со оваа победа е прв во генералниот пласман и има 188 бодови, а Фетел е втората позиција со 171 бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 01:21