Себастијан Фетел „притискал премногу при тешки услови“ и тоа е причината поради која не оствари победа во Гран При на Германија. Ова го објави светскиот шампион за 2016 година, Нико Розберг, кој ја проследи во живо драмата на „Хокенхајм“.

Пилотот на Ферари се удри во заштитните огради на крајот на 52 круг, кога почна да врне и така сам си нанесе сериозен удар во битката за титулата, бидејќи во моментов заостанува 17 поени од Луис Хамилтон.

- Тоа е огромна грешка на Себ. Едноставно неверојатно! Всушност, тој самиот е виновен што не забележа победа. Да, условите беа тешки и за ниту еден пилот тие не се пријатни. Сепак, тој имаше предност пред останатите и мораше да биде повнимателен и да ја намали уште малку брзината. Сепак тој притискаше премногу и заврши во ѕидот, изјави поранешниот пилот на Мерцедес.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2018 13:34