Четириесет и четири годишниот Д.И. од Богданци ноќеска околу два часот управувајќи мопед „Лифан-50“ на локалниот пат Стојаково-Селемли изгубил контрола и излетал од патот, по што починал на самото место.
Смртта била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициска канцеларија Богданци со полициски службеници од Полициска станица Гевгелија.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот ќе биде дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.