Пронајдени се 13 мигранти од Авганистан, од кои три малолетни, завчера при контрола на возило Рено" со велешки регистарски таблички, управувано од Ф.З. (25) од Куманово, информира денеска Министерството за внатрешни работи.
На мигрантите, на возраст од 16 до 23 години, им е укажана лекарска помош, и со нив е извршен службен разговор.
Против Ф.З. е поднесена кривична пријава за „криумчарење мигранти“, а судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор.