Светската велосипедска трка Тур де Франс денеска кратко време беше прекината откако учесниците беа испрскани со непозната хемикалија, најверојатно со солзавец или бибер спреј.

Водечката група натпреварувачи, меѓу кои и четрикратниот шампион, Британецот Кристофер Фрум од тимот „Скај“, добија лекарска помош поради печење на очите.

Трката повторно почна и денеска се вози етапата од Каркасон до Бањер де Лишон, долга 218 километри.

Претходните денови француските навивачи го пресретнуваа, навредуваа, турка и плукаа Фрум и другите членови на британската екипа. Фрум е неприкосновен фаворит за победа, но не е омилен во Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2018 16:21