Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, застана во одбрана на Себастијан Фетел од Ферари, по бројните критики за неговото возење и излетувањето на трката за Големата награда на Германија.
Фетел, кој важеше за фаворит на трката и тргна од пол-позиција, по 52 круга водство излета од патеката и не ја заврши трката, а според Верстапен тоа може да му се случи секому.
- Тоа се случи неочекувано. Навистина е незгодно, особено во таа кривина. Со мало блокирање веднаш излетувате. Условите на патеката беа тешки, и на секој можеше тоа да му се случи, истакна возачот на Ред Бул.
Верстапен трката ја заврши на четвртата позиција, а победи возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, кој стартуваше дури од 14-та позиција, но најдобро се снајде во променливите услови на патеката.