Освојувачката на 23 Гренд-слем титули и финалистка на „Вимблдон“ 2018, Серена Вилијамс се пожали на социјалните мрежи од честите допинг тестови, на кои е принудена оваа сезона.

Агенцијата за борба против допинг на САД најмногу за проверки ја одбира токму неа, и за време на турнирите и за паузите меѓу нив.

Во 04 часот и 10 минути наутро, Серена напиша на Твитер: „И дојде време да ја провериме за допинг по „случаен избор“ само Сеирна. Од сите натпреварувачи докажано е дека јас сум најмногу тестирана. Дискриминација? Мислам дека е така. Барем ќе го задржам спортот чист. Остани позитивна“.

Американката ќе учествува на претстојниот тениски турнир на почетокот на август од сериите „Премиер 5“ во Торонто, откако доби „вајлд карта“ од организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2018 15:56