Поетот Петко Шипинароски денеска стана почесен член на Друштвото на писателите на Србија и на Друштвото на писателите на Косово и Метохија.
Признанието, како што информира за МИА Шипинкароски, му било врачено денеска на поетските средби „Григорие Божовиќ“ што од 24 до 26 јули се одржуваат во општина Звечан, Косово и Метохија.
- Книшката за почесен член ми беше врачена од потпретседателот на ДПС и претседател на Друштвото на писатели на Косово и Метохија Новица Соврлиќ во знак на благодарност за повеќе годишната соработка во книжевноста на писателите на двете земји, истакна Шипинкароски.
Покровител на поетските средби „Григорие Божовиќ“ е Министерството за култура на Република Србија, а организатори се друштвата на писатели на Србија и на Косово и Метохија.