Двајца лица загинаа во поплавите што го погодија североистокот на Романија.
Една од жртвите е 69-годишна жена која паднала во река во областа Сучава, а нејзиното тело било пронајдено десетина километри низводно.
Загинал и сточар од селото Марџинени, кој се обидувал да извлече крава од надојдена река.
Над 5.000 спасувачи се мобилизирани за да им помогнат на граѓаните од поплавените делови на земјата.