Седумдесет и едногодишна жена загина во пожар што синоќа избувнал во нејзината куќа во кумановското село Доброшане.

Како што е наведено во полицискиот билтен, синоќа околу 20:40 часот било пријавено дека во село Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л.(71) избувнал пожар, при што куќата целосно изгорела. Од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 11:14