Единаесет музичари од Охрид и Струга вечер на сцената кај Долни Сарај во Охрид во Охрид ќе одржат концерт со избрани хитови на светски познатата рок група „Пинк Флојд“.

Учесници во проектот насловен „NUMB Tribute to Pink Floyd“ се Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владомир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.

Подготовките за концертот траат веќе неколку месеци, а ќе се изведат некои од највредните дела на култните „Pink Floyd“. Тука се „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 безвременски хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација,.

„Пинк Флојд“ е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија има обезбедено почесно место во историјата на рокот и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно тоа се секако култните „Пинк Флојд“.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 11:44