Фотографската изложба „Град и деца“ од Турција која требаше да биде отворена утревечер во Културно-информативниот центар во рамки на „Скопско лето“ е откажана.
Турскиот културен центар „Јунис Емре“-Скопје, со чија соработка се организира изложбата, ја известил Дирекцијата за култура и уметност-Скопје дека изложбата нема да се одржи од оправдани причини и ќе се реализира во текот на годинава.
На „Скопско лето“ вечер ќе биде промовирана „Графичка мапа на Родољуб Анастасов“, која е проект на Музеј на Град Скопје. Промоцијата ќе биде во Музејот од 20.30 часот.