Издавачка куќа „Слово“ од Скопје го објави делото „Природата на Бог“ од Тихана Обрадовиќ Чингарова, која е дел од младата генерација македонски филозофи.

Книгата се занимава со филозофијата на ирскиот средновекеовен филозоф, новоплатоничар и поет Ван Скот Ериугена, чие дело досега беше малку познато во нашата средина.

Ериугена, како што докажува авторката Тихана Обрадовиќ Чингарова, дава уникатно филозофско објаснување за панентеистичкото и дијалектичко функционирање на Бог и природата. Во филозофскиот систем на Ериугена се сплотени неоплатонизмот и христијанството, но сепак, тој дава своја оригинална, мистична, сеопфатна онтологија и гносеологија.

Ериугена е мислител од 9. век, кој ги почитувал, но не се потчинувал на догмите на црквата. Рационално пристапувал кон истражување на догмите и сметал дека разумот е пред авторитетот на црквата, па затоа е од него поважен.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 12:04