Во холот на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ е поставена изложба посветена на 55 години од катастрофалниот земјотрес.

Скопски приказни прикажани преку хронологија на фотографии и материјали на предземјотресното централно подрачје, руини од позначајните објекти и издигнувањето на новиот, модерен град.

- Ретка колекција на материјали во која носталгичарите сигурно ќе уживаат. Дел од материјалите се подарок од личната збирка на фотографот Александар Кондев, другите изложбени материјали се фотографии од помалку познати изданија, дигитални копии од урбанистички елаборати на кои се прикажани предлозите на дел од архитектонската фела за обновата на Скопје што е интересен сегмент за споредба со она што подоцна било изградено, соопшти НУБ.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/07/2018 12:10