Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во полуфиналето на ИТФ фјучрсот во Баја, Унгарија.

Таа во четвртфиналниот натпревар беше совладана од унгарската тенисерка Река-Луца Јани со 2:1 во сетови.

Иако Ѓорческа го освои првиот сет со 6:3, останатите два со 3:6 и 2:6 и припаднаа на домашната тенисерка.

Турнирот се игра на земјена површина за награден фонд од 25.000 американски долари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 00:46