На 25.07.2018 година 51 годишен жител на Тетово пријавил дека околу 17,00 часот неговата 10-годишна ќерка, во близина на зградата во која живееле, била нападната од машко лице, кое и се доближило и со нож и нанело неколку исеченици, а откако напаѓачот бил удрен од девојчето, го напуштил местото на настанот.
Ова лице, според кажувањето на девојчето, и пред два дена ја нападнало во домот, во кој незабележано влегло и ја допирало по телото.
По преземени мерки во Полициската станица Тетово, приведен и задржан е М.Б.(33) од Тетово, кој се сомничи дека го нападнал девојчето и од кого е одземен еден ловечки нож со футрола. Се работи на целосно расчистување на случајот.