Барака од 70 метри квадратни на улицата „Сречко Пужалка“ број 65 во населбата Ченто е опожарена ноќеска. Повредени нема, причинета е само материјална штета која се проценува на 200.000 денари.

Како што соопшти Територијална противпожарна единица на Град Скопје, пожарот избувнал половина час по полноќ, а до два часот е ставен под контрола.

Интервенирано е со пет возила и 13 пожарникари.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 11:08