Во просториите на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка синоќа се одржа едукативна работилница за репродуктивното здравје на жените во организација на здружението „Агропаланчанка“.

На обучувачката средба присуствуваа жени од целните групи од руралните подрачја, од село Жидилово, како и од реонот на градското подрачје, на различна возраст.

Активноста се имплеменитра во рамки на проектот „Грижи се за сите-но и за себе“ финасиран од буџетот на општина Крива Паланка во соработка со приватната болница „Медика Истанбул-Тетово“.

- Тема на презентацијата беше грижата за здравјето на жената преку поголемо информирање и едукација, навремена дијагностика и идентификација на медицинските проблеми во врска со гинеколошкото здравје. Презентер и водач во дискусијата беше доктор Македонка Наумовска, специјалист гинеколог, а низ дискусијата и обуките се укажува на важноста на редовните гинеколошки прегледи и заштита на репродуктивниот систем со цел превенција од болести поврзани со овие органи, заштитата од појавата на малигни заболувања, информираат од „Агропаланчанка“.

Досега со проектот се опфатени над стотина жени од селата Жидилово, Узем, Огут и Нерав.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 12:17