Британската сноубордерка Ели Саутер почина на својот 18-ти роденден, а причината за нејзината смрт се уште не е позната.

Таа беше една од најголемите таленти во Велика Британија. Лани го освои златниот медал на Зимскиот олимписки фестивал за млади во Ерзурум, Турција.

- Овој суров свет ја зеде мојата сродна душа и најдобар пријател на нејзиниот 18-ти роденден. Горд сум на тоа во каква млада жена се претвори. Ели, ќе ми недостасуваш повеќе отколку што некогаш можеш да замислиш. Почивај во мир, мала шампионке“, напиша нејзиниот татко на Фејсбук.

Ели беше британска репрезентативка, а како специјалист за дисциплината „freeride“ и „boardercross“, требаше да настапи на Светското јуниорско првенство во Нов Зеланд.

- Ели беше многу популарен и сакан член на тимот. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејството и пријателите, објави Британскиот олимписки комитет.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 13:22