Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е убеден дека неговиот избор да го привлече Алисон од Рома бил оправдан, независно од рекордната за голман цена - 75 милиони евра. Во зима, пак, финалистот во Лигата на шампионите направија и од Вирџил ван Дајк најскап дефанзивец, што е во спротивност со мислењето на Германецот пред некое време дека никогаш нема даде толку многу пари за трансфер. - Сите мислат дека тоа се многу пари. Во право се, тоа се многу пари. Но, сепак, пример клаузулата на Јан Облак е 100 милиони евра, па ... многу убаво. И зборуваме за годината во која речиси ништо не се случува во однос на зделки со голмани, објасни Клоп пред „ЕСПН“. Тој додаде дека дел од неговата работа е да се обиде да ги привлече најдобрите можни играчи. - Пазарот на играчи за овој пост е различен, бидејќи нема многу опции секоја година, заврши тренерот на „црвените“ на темата



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 14:10