Триото „Џентлмен“ вечер од 21 часот на Факултет за ликовни уметности – Сули ан во рамки на „Скопско лето“ ќе одржи концерт „One Night Only“.

Тенорите Дејан Стоев и Дарко Нешовски и баритонот Кристијан Антовски, кои го сочинуваат триото, ќе настапат со светски хитови.

„Џентлмен“ го негуваат поп класичниот стил и во три години постоење имале повеќе од осумдесет настапи во Македонија и во странство.

На репертоарот на тројцата оперски пејачи се руски романси, италијански канцони, шпански песни, како и дела од македонското музичко творештво.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 15:05