Полицијата поднесе кривична пријава против М.Б.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“.

Како што соопшти МВР, М.Б. се сомничи дека на 25 овој месец околу 17 часот го извршил кривичното дело на улицата „Благоја Тоска“ во Тетово, во премин меѓу две станбени згради.

Со нож го исекол девојчето на левата рака и левата нога, го допирал по телото, заканувајќи му се дека ќе го убие заедно со татко и по што избегал.

Пријавениот М.Б. се сомничи и дека два дена претходно исто така го нападнал девојчето откако незабележан влегол во нивниот стан, во кое било само.

Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 15:44