На 27.07.2018 година во 02,30 часот во Секторот за внатрешни работи Струмица, Д.С.(20) пријавила дека истата вечер околу 1 часот додека спиела во својот дом со нејзините деца, лицето В.С.(32) почнало да тропа на влезната врата, по што насилно ја отворил и се обидел да изврши обљуба врз неа.
В.С. е приведен и задржан во полициската станица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.