На 25.07.2018 година во 21,45 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје З.С.(28) пријавил дека истиот ден околу 19,45 часот на обиколница после клучка Радишани, додека се движел со возило кон Сарај, го пристигнало друго возило управувано од И.Б. од с.Сингелиќ.

Тој му пришол од десната страна и во движење го отворил прозорецот од шоферската врата и вперил пиштол кој го држел во десната рака, го репетирал, и му се заканувал на пријавителот, по што го напуштил местото на настанот.

До настанот дошло поради тоа што пријавителот имал предходно нарушени односи со семејството на И.Б. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 16:01