На 26.07.2018 година во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.Д.(56) пријавил дека истиот ден околу 15,30 часот на улицата “Лазар Поп Трајков“ додека го туркал својот моторцикл го поздравил Д.М.
Овој пак влегол во зградата, а по кратко време излегол од неа и со воздушна пушка го застрелал С.Д. во пределот на десната потколеница.
С.Д. побарал лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар била костатирана телесна повреда и бил пуштен на домашно лекување. Се работи на целосно расчистување на случајот.