Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против Б.С. (59) и Р.В.(59), двете од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтетирање на малолетно лице“.

На 05.07.2018 година во времето од 7 до 14,30 часот во Штип во детска градинка пријавените, вработени како згрижувачки работник – неговател, додека биле на своите работни места, дозволиле двегодишно дете да се здобие со телесни повреди нанесени од страна на друго малолетно дете, згрижено во истата група.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2018 16:02